Денес пристигна новиот камион-кипер за комуналното претпријатиe JП „Плаваја“
Возилото во вредоност од 4.106.000 денари е донација од Светска банка а Општината учествуваше со 186.000 денари. Оваа донација ќе влијае во подобрувањето на квалитетот на услугите на јавното претпријатие, а благодарност до Светска банка за досегашната соработка со Општина Радовиш – истакнаа од општината.
Камионот кипер со зафатнина од 5 м3. Камионот е набавен од општина Радовиш за потребите на претпријатието со што ќе се замени досегашниот застарен и изамортизиран камион кипер кој беше набавен во далечната 1991 година и значително ќе се подобрат ефикасноста и ефективноста во работењето и ќе се намалат трошоците за одржување. Камионот беше предаден на претпријатието од страна на Градоначалникот Герасим Конзулов.