РАДОВИШАНИ ПРОДОЛЖУВААТ СО НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ И ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ

Ноќта на 14/15.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица 11 граѓани, од кои 4 малолетни лица ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период.

Притоа, 5 лица, меѓу кои двајца малолетници се затекнати на подрачјето на Полициска станица Струмица и шест лице, од кои двајца малолетници на подрачјето на Полициска станица Радовиш.

Во просториите на Полициска станица Радовиш се приведени четири лица.

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидирани 4 нови лица со изјава за самоизолација, а вкупно се извршени 21 контрола над лица кои со решение од Државен здравствен и санитарен инспекторат се во домашна изолација и 126 контроли над лица кои се во самоизолација.

На 14.04.2020 во 17.30 часот во Полициска станица Струмица Ѓ.О. (40) од Струмица пријавил дека околу 16.25 часот, за време на забраната за движење, на улица „Ило Шопов“ во Струмица бил физички нападнат од А.Л. и О.Л.. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Сектор за внатрешни работи Струмица



About the author /


Related Articles

Временска прогноза