УКИНАТА ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИ И ШУМСКО ЗЕМЈИШТЕ

Забраната за движење во шума и шумското земјиште донесена на 16 април е отповикана, соопшти Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“ ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, донесена на 16 април 2020 година.

– Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено и поради новосоздадените услови Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање на ЈП „Национални шуми“ , ја укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште, изјавија од Министерството.

Воведувањето на забраната предизвика бројни реакции меѓу планинарите и љубителите на шумите. Тие иницираа и он-лајн петиција против забраната, а која ја потпишаа неколку илјади граѓани.

ЈП „Национални шуми“ ќе продолжат и понатаму да ја следат состојбата со шумите и движењето на граѓаните (рекреативците и сите што извршуваат шумско културни активности). Доколку се процени дека повторно се создале услови за ризик од шумски пожари, забраната повторно ќе се воведе.

МЗШВ апелира граѓаните одговорно да се однесуваат додека се движат низ шума, да се грижат за природата, да не фрлаат догорчиња и запалливи материи со што ќе придонесат за зачувување на животната средина.


About the author /


Related Articles

Временска прогноза