Денес со одлука која преходно беше донесена, и најавата за проджба на земјоделски и прехрамбени производи Градскиот зелен пазар работеше.
Исто така претходно ЈП Плаваја беше информирала дека ќе постапува согласно со мерките и изврши дополнителна дезинфекција и распоред на тезгите согласност со мерките за физичко дистанцирање.
Беше доставена и информација до продавачите да носат соодветни заштитни ракавици и маски пропишани согласно со мерките.
Ние како редакција бевме денес во посета на Градскиот пазар, можеме да констатираме дека ЈП „Плаваја“ се потруди да биде овој наш зелен пазар во функција и граѓаните да излезат и си ги набават потребните продукти, тезгите беа разделени, и продавачите беа согласно пропишаните препораки и мерки.
Но едноставно дали малиот број на изложувачи и продавачи на земјоделски производи според граѓаните не оставија впечаток со цените, како што истакнаа неколку граѓани немаше некоја значителна разлика од секојдневните цени на производите и денешните на т.н. пазарен ден. Чисто за споредба направете дека лимоните пак се преку 120-150 денар, стариот кромид 50-70 денари, и други производи кои кај нас се со високи цени – истакнаа неколку посетители кои денес го посетија грaдскиот зелен пазар.