НАМАЛУВАЊЕ ЗА РЕСТРИКЦИИТЕ НА ДВИЖЕЊЕТО

Почнувајќи од , четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето.

🔹 Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.
🔹 За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.
🔹 Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

🔹 Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.
🔹 Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро.
🔹 Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.

https://www.facebook.com/koronavirus.gov.mk/videos/560230637947706/

 


Related Articles

Временска прогноза