НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ И ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ВО РАДОВИШ – уште 11 лица со кривични пријави

Ноќта на 31.03./01.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица тројца граѓани затекнати на подрачјето на Полициска станица Радовиш ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период.

Воедно, на 31.03.2020 година до надлежните обвинителства се поднесени и единаесет кривични пријави против четиринаесет лица, кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, односно сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ на РСМ, од кои осум пријави против осум лица се поднесени до Основното јавно обвинителство Радовиш и три пријави против шест лица до Основното јавно обвинителство Валандово.

 

Информираат од СВР Струмица



 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза