2 НОВИ ЛИЦА ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА И УШТЕ 2 КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА РАДОВИШАНИ ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ

Ноќта на 06/07.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица пет граѓани ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период. Четири лица се затекнати на подрачјето на Полициска станица Струмица и едно на подрачје на Полициска станица Валандово.

Воедно, на 06.04.2020 година до надлежните основни јавни обвинителства се поднесени 27 кривични пријави против 29 лица кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, од кои 25 пријави против 27 лица се поднесени до Основно јавно обвинителство Струмица и 2 пријави против 2 лица до Основно јавно обвинителство Радовиш.

Со Решенија од Државен санитарен и здравствен инспекторат 3 нови лица се во домашна изолација, од кои 2 во Радовиш и 1 во Гевгелија, а воедно на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидирани и 3 нови лица во самоизолација.

 



About the author /


Related Articles

Временска прогноза