Видео: 30 НОВОЗАБОЛЕНИ, 384 ИНФИЦИРАНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА

Секојдневно расте бројката на инфицирани лица од коронавирусот во Македонија, 

Во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив, 12 се од Скопје, 8 од Куманово, 9 од Прилеп  и 1 од Крива Паланка.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува  384 лица. Според местото на живеење, најголем дел од заразените се од Скопје и нивниот број изнесува 195. Потоа следува Куманово со 62 заразени, а во Дебар 47 граѓани имаат коронавирус. Во Прилеп 21 лице има коронавирус, а 15 штипјани се заразени. Во Тетово бројот на заразени е 13, во Струга 9, шест во Велес, 4 во Битола, 3 во Охрид. По двајца граѓани со коронавирус има во Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка, а по еден заразен е регистриран во Гостивар, Струмица и Кочани.


Министерот за здравство Венко Филипче од прес конференција со најновите информации за состојбата со коронавирусот. 

https://www.facebook.com/VladaMK/videos/557359561652749/?t=274

 



About the author /


Related Articles

Временска прогноза