ОДРЖАНА 41 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Советот на Општина Радовиш вчера ја одржа 41-та редовна седница со однапред донесен дневен ред.

Со оваа седница претседаваше претседателот на Советот Коле Чаракчиев, а советниците имаа можност да поставата прашања до Градоначалникот Герасим Конзулов за информациите и спроведувањето на активностите во врска со спречување и ширење на Корона вирусот во нашата општина.

Градоначалникот Конзулов објасни дека во врска со третата точка од дневниот ред на денешната седница покрај присуството на Директорот на ПЕ Македонски шуми, подружница Плачковица поканет уредно бил да присуствува и раководителот-командирот на Шумската полиција во Радовиш со цел да се даде подетална информација до советниците и граѓаните во врска со зачестеното дрвокрадство и спречување, кое се одвива за време на забраната за движење а масовно допринесува за уништување на шумите.

Градоначалникот истакна дека и покрај активните контроли на терен и фатени голем број на дрвокрадци кои немилосрдно се уништува шумското богатство над Радовиш, најмногу во реонот  каде се наоѓаат изворите за вода, тој истакна дека ќе предложи заедно со советот до институциите спроведување на поригорозни мерки и санкции за дрвокрадците и реорганизација на шумската полиција и другите иституции кои можат ја спречат оваа немила појава.

Седницата поради околностите беше одржана во Центарот за Култура „Ацо Караманов“ во Радовиш.

Беше усвоена Информацијата за преземените и спроведени мерки од страна на општината за спречување на внесување и ширење на корона вирусот COVID 19 во нашата општина.

Во расправата по Информацијата за состојбата со дрвокрадството во нашата општина беа донесени повеќе заклучоци со цел да има координирани активности на сите институции за спречување на дрвокрадството со цел на заштита на шумите од неконтролирана сеча.

 

Исто така со одлука на Советот на општината на ЈП „Плаваја“ Радовиш му беше доделено на трајно користење специјалното возило-кипер кое го доби општината преку Министерството за финансии, согласно Договорот за грант од МСИП Програмата-Проект за подобрување на општинските услуги.

Возилото има вредност од 4.106.400 денари од кои општината учествува со 146.137,оо денари, а остатокот од 3.960.263 денари е од МСИП Програмата на Министерството за финансии.

 

 


Related Articles

Временска прогноза