Променливо облачно и посвежо денес не очекува, а на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Радовиш ќе биде облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Променливо облачно време и посвежо со повремени врнежи од дожд не очекува и во следните денови на места ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.