Состанок кој го одржа главниот кризен штаб се разговарало за натамошниот тек на рестриктивните мерки. Нивното олабавување и нормализирањето на состојбата ќе зависи од развојот на ширење на коронавирусот, а одлуките како и досега ќе се носат врз основа на мислењата на стручните луѓе односно епидемиолозите од Комисијата за заразни болести.
„Важно е да ја одржиме состојбата на ова ниво што го имаме денеска, а тоа е стабилна здравствена состојба во која здравствениот систем ќе може да одговори на состојбите пред нас“, истакна техничкиот премиер Спасовски.