ДЕНЕС ОДЛУКА ЗА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

Денес советот за безбедност ќе одлучува за укинување или продолжување на вонредната состојба во Македонија.

Заклучно со денес -последниот ден истекува третата  и тоа двонеделната вонредна состојба која  ја прогласи претседателот Пендаровски на 15 мај.

Покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

Во четвртокот Пендаровски изјави дека се прават проценки дали ќе биде побарана нова вонредна состојба, но нагласува дека по нејзиното завршување, според Уставот и законите, треба да продолжат изборните дејствија кои беа прекинати поради пандемијата, и во рок од 22 дена да се одржата парламентарните избори.

Почнувајќи од 18 март досега беа донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

 


 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза