ИЗВРШЕНО „ЛАРВИЦИДНО ТРЕТИРАЊЕ“ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Во Општина Радовиш се изврши „Ларвицидно третирање“ против комарци, и тоа во речните корита, водотеци и стојни води низ општината.

Теренското третирање против ларви од комарци, се вршеше со средство во вид на гранули кои се фрлаат во плитка застоена вода. Ова третирање не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици.

Ова е општа мерка за заштита на населението од заразни болести е предвидена во Програмата на Општина Радовиш.

Општина Радовиш најавува  дека ќе следуваат прскања против комарци, за кои пред реализирањето, граѓаните  ќе бидат информирани. 

 


About the author /


Related Articles

Временска прогноза