Во време кога се соочуваме со светска пандемија, а знаејќи дека дарувањето крв е секогаш потребно, спортските обложувалници Евротип заедно со Голд Слот клубовите организираа крводарителска акција на која наидоа на огромен одзив помеѓу вработените.
35 крводарители се одлучија да се приклучат на акцијата, многумина даруваа за прв пат, а многу од нив се веќе искусни крводарители, а се одлучија на овој потег со една надеж, дека со овој гест ќе спасат нечиј живот.
‘’Изненадена сум од големиот број на крводарители кои за прв пат даруваа крв. Акцијата ја оценувам повеќе од успешна, бидејќи од првичниот број на 30 пријавени крводарители, за време на крводарителската акција бројот се зголеми на 35, изјави д-р. Балаловска.’’
Евротип и Голд Слот како општествено одговорни компании се водат по принципот на негување на хуманитарните вредности, а ваквите акции ќе продолжат и во иднина.
Организаторите велат дека дарувањето на течноста која живот значи е можеби и најхуманиот гест кој може да се направи, со надеж дека акцијата ќе биде поттик за уште многу компании да се охрабрат и да го следат овој пример.