НАСКОРО СЕ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО И СО НОРМАЛНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ, НО СО ПРЕПОРАКИ ЗА ДИСТАНЦА…

Венко Филипче – министерт за здравство информираше дека на вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести е донесен предлог план за намалување на рестриктивните мерки кои ќе се одвиваат во неколку фази, а кои беа воведени поради пандемијата на корона вирусот.

Министерството за здравство ќе достави предлог план до Владата за олабавување на мерките, состојбата се нормализира, се предвидува: во оваа недела да се отворат и да се вратат во функција центрите за едукација, обука, семинари за возрасни, организација на седници, автошколи, спортски тренинзи на отворено за индивидуални тренизи, тенис, спортски обложувалници преку шалтер без угостителска дејност и затворени трговски центри-молови, но исто така без угостителска дејност. Сите овие субјекти мора да се придржуваат до социјалната дистанца и носењето заштитни маски.

По следењето на состојбата, откако ќе се вратат во функција овие економски оператори, следната недела во план е да се препорача и отворање на угостителските објекти со послужување, спортските тренинзи за отворено на колективните спортови, а една недела подоцна, во третата фаза се планира да се отворат игрите на среќа во казина автомат клубови, затворени фитнес центри, тренинзи во затворено и базени и хотелски објекти, истакна филипче Филипче. 


About the author /


Related Articles

Временска прогноза