ПОВИСОКИ ЦЕНИ ОД ДЕНЕС НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ

Од полноќ се зголемија цените на нафтенте деривати во државата, и тоа за три и пол денари, со одлука на  Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 56 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот е 45,50 ден/лит.

За 2,5 денари зголемуи и цената на Екстра лесното масло за домаќинство така што новата негова цена е  33,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се зголеми за 2,026 ден/кг во однос на минатонеделната цена и во следните седум дена ќе се продава по цена од 18,169 ден/кг.

Со новата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,51 проценти што според РКЕ се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар.

 


About the author /


Related Articles

Временска прогноза