ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ ДЕНЕС И НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Според метеоролозите денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер претежно од северозападен правец.

Температурата минимална ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени. УВ-индексот ќе биде 6.

Во Радовиш се предвидува да биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 21 степен.

Следните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно, облачно со пороен дожд и појава на грмежи.


 

Related Articles

Временска прогноза