СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ ЈА ОДРЖА 42 СЕДНИЦА

Советот на Општина Радовиш ја одржа 42-та редовна седница која како и претходната поради мерките и протоколот за заштита од Корона вирусот беше одржана во Центарот за Култура „Ацо Караманов“ во Радовиш.

Претседателот на Советот Коле Чаракчиев ја отвори и ја водеше оваа седница на која присуствуваше и Градоначалникот Герасим Конзулов каде што со дополнување на дневниот ред Советниците имаа можност да поставуваат советнички прашања до Градоначалникот и претседателот на Советот.
Претходно предложениот дневен ред од 58 точки претрпе мала измена каде што некои точки беа повлечени за подетално резгледување од страна на службите на општината со цел за наредната седница да бидат повторно поставени на дневен ред пред советниците.
Советниците на оваа седница донесоа голем број на одлуки и имаа дебата за повеќе прашања со кои се соочуваат граѓаните на општината и можноста за нивно решавање, на кои што прашања објасни Градоначалникот Герасим Конзулов за тековните инфраструктурни и следни проекти кои се реализираат, и работата на општината со предметите кои што граѓаните ги имаат доставено и се предмет на легализација на бесправно изградени објекти низ населените места и градот Радовиш.
Половина од дневниот ред беше од оваа област Предлог-одлуки за давање согласност за вклопување на плански опфат на бесправни изградени објекти скоро низ сите населени места низ општината.
Исто така се разгледаа и беа прифатени Предлог заклучоци и одлуки на комисиите за годишни програми на институции и извештаи, а на крајот се донесоа и неколку одлуки за одобрување на финансиски средства на лица кои доставиле барања за финансиска помош од општината.
Седницата заврши со усвојување на Извештаите од работата на телата на Советот на општина Радовиш.

 

 

 


 

Related Articles

Временска прогноза