УТРЕ ПРВ ДЕН БЕЗ ПОЛИЦИСКИ ЧАС, СЕ ОТВОРААТ КАФУЛИЊАТА И РЕСТОРАНИТЕ

Владата донесе одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер на прес-конференција.

Премиерот рече дека владата е во постојана комуникација со земјите во регионот и дека наскоро ќе може да се патува. Исто така е донесена одлука рестораните и кафулињата задутре да почнат со работа.

Исто така испрати предупредување дека ова не значи дека коронавирусот исчезнал и дека сме го победиле. Нагласи дека вирусот ќе биде присутен додека не се стекне имунитет или не биде пронајдена вакцина.

„Пандемијата не е победена, треба да прифатиме дека сеуште е закана по секој граѓанин. Секое игнорирање оди директно на штета на борбата против вирусот. На сите ни е јасно дека ова е нова фаза за сите нас. Тоа ново секојдневие не повикува и не обврзува“ порача Спасовски.

 


About the author /


Related Articles

Временска прогноза