ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ОД УТРЕ – донесени нови мерки со протоколи за работа (Видео Press)

Мерките дадоа резултати и влегуваме во период кога се очекува дополнително опаѓање на интензитетот на ширењето на вирусот и затоа донесовме одлуки за попуштање на рестриктивните мерки под крајно прецизни услови и критериуми.

Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција ги соопшти одлуките на Владата за првата фаза од попуштањето на рестриктивните мерки за спречување на КОВИД-19.

Во првата недела од олабавувањето на мерките, односно од утре, ќе започнат да се применуваат мерки со нови протоколи за работа за дејности кои имаат помал ризик, и тоа:

– Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје,

– Центри за едукација, обуки и семинари за возрасни, организација на седници на органи на управување и конференции,

– Авто школи,

– Спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови,

– Спортски и други обложувалници преку шалтер,

– Затворени трговски центри-молови, без угостителските објекти во нив.

За да се постигне максимална ефикасност, и максимална заштита, ќе се применуваат посебно пропишани протоколи за работа на секоја од овие дејности.


Related Articles

Временска прогноза