Фото: РЕНОВИРАЊЕ НА ВНАТРЕШНОСТА НА ХРАМОТ „СВ. ПРОРОК ИЛИЈА“ ВО РАДОВИШ

По долга подготовка за отпочнување на реновирање на внатрешноста на Храмот ,, Свети пророк Илија,, на ден 18.02.2020 година се одржа донаторска средба во храмот ,,Св. пр. Илија,, во Радовиш на која средба се одзваа дваесетина фирми од Радовиш и на оваа средба благодарение на донираните средства од страна на бизнисмените  и помошта од ЕЛС Радовиш се собраа доволно средства за да се отпочне во првата фаза на реновирањето на храмот.

Затоa  веднаш по празникот Велигден на ден 27.04.2020 година по предходен склучен договор со фирмата Валавски Градба се започна реновирањето на внатрешните ѕидови и плафони на храмот, со остранување на постоечкиот малтер поставување хидро изолација на сите ѕидови нова малтерија и глетување за да се подготви соодветна подлога за во иднина да се насликаат фрески по самите ѕидови.

Во првата фаза влегува и промената на електро инсталацијата која ке ја изведе фирмата Алфа инженеринг и промена на Прозорите кои ке ги изработи фирмата Роло Инг.

По завршување на оваа прва фаза се планира де се уреди и подот на црквата со поставување на подно греење и нови подни плочки, и промена на постоечкиот инвентар столчиња, налони за иконите и се останато во самата црква.

Како трета фаза се планира цртањето на фреските по плафонот и ѕидовите на храмот. Како што кажав на почетокот за првата фаза и за дел од втората фаза но не комплетно се собрани средства за што сакам да им се заблагодарам на донаторите кои во соодветно време јавно ке ги соопштиме и ке им се заблагодариме, и воедно ги замолувама сите останати фирми во Радовиш секој според своите можности да ни донира за да можеме да ги завршиме првите две фази кои не може да се завршат со одлагање  и да ја започнеме третата фаза која може да се заврши ипостепено според собраните средства. Уште еднаш се заблагодарувам на донаторите кои веке даруваа средства но и на сите кои во иднина ке ни даруваат. 

Храм „Св.пр.Илија“  Радовиш

 

Донаторска сметка 2000033326404-38

Стопанска Банка


About the author /


Related Articles

Временска прогноза