ЕКО-АКЦИJA ВО СОРАБОТКА СО ОРГАНИЗАЦИИ И ГРАЃАНИ

Во организација на планинарското друштво “Бел Камен”, а со поддршка од ЈП”Плаваја” и група млади ентузијасти и сограѓани, за време на 1-ви мај се собираше отпад расфрлан од несовесни посетители на неколку локации околу патот на планината Плачковица. За време на оваа акција собрани се околу 20 m3 отпад.

Да ја чуваме природата и убавините на нашата планина.

ЈП”Плаваја” постави садови за собирање на отпад на тие локации, за да не се повтори таа грда слика со расфрлан отпад.

Се надеваме дека оваа акција ќе има позитивен ефект врз нашите сограѓани и ќе ги поттикне во иднина да ја чуваат животната средина и преубавата природа на нашата Плачковица.

 


Related Articles

Временска прогноза