БЕЗ ТЕСТ И КАРАНТИН ВО СРБИЈА, АЛБАНИЈА, КОСОВО И ТУРЦИЈА

Од утре се отвараат сите Македонски гранични премини согласно одлуката на Владата во вторникот. На истата владина седница беше донесена и одлука за отворање на Аеродром Скопје и Аеродромот во Охрид на 1 јули.

Со целосно отворање на државните граници македонските државјани ќе можат слободно да патуваат без обврска за негативен ПСР тест за коронавирус и задолжителен 14-дневен карантин во Србија, во Албанија, во Косово и во Турција и за враќање во земјава. Таквата обврска, сепак, останува да важи за влез во некои земји во регионот и во ЕУ-членките.

Бугарија и Грција како земји членки на ЕУ важат насоките дадени од ЕК за отворање на границите од 1 јули. Оваа одлука е најавена на повторно разгледување меѓу членките на Унијата утре поради растот на бројот на заболени од коронавирусот во земјите во регионот. Словенија и Хрватска најавија можност за заострување на граничниот режим и повторно враќање на обврската за двонеделен карантин за лицата кои доаѓаат од Србија, БиХ, Црна Гора, Албанија, Македонија и Косово, имајќи ја предвид епидемиолошката слика во овие земји. Бугарија, пак, ја продолжи вонредната состојба во земјата до 15 јули поради новиот бран на заразени со коронавирусот.

Вчера Премиерот Спасовски потврди дека отворањето на границите не е никаква политичка одлука во врска со претстојните избори, туку се темели исклучиво на епидемиолошките анализи и мислењето од Комисијата за заразни болести. Според него, крупните рестриктивни мерки го дале својот максимум, а она што сега останува е преку личната одговорност да се придонесе колку е можно повеќе да се држи вирусот под контрола.

Министерот  Филипче изјави дека отворањето на границите не е некој значаен ризик за зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик. Според него, отворањето на границите со воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза