ДЕНЕС ОФИЦИЈАЛНО ПОЧНУВА КАМПАЊАТА ЗА ИЗБОРИТЕ

Официјално денес започнува кампањата за предвремените парламентарни избори во  Македонија.

Досегашниот начин за кампања ќе се реализира во поинакви услови, откако заврши вонредната состојба од осум дена што на 15-ти јуни ја прогласи претседателот, а ја побара Владата заради спроведување на предвремените избори.

Најавијате дека во интерес на превентивата и здравјето на граѓаните нема да практикуваат митинзи и поголеми собири, партиите ќе имаат средби со граѓани но во помал обем, а изборните програми претежно ќе ги презентираат онлајн. Обраќањата до граѓаните ќе ги реализираат преку медиумите и социјалните мрежи.

Учесници на изборите се четири коалиции и 11 партии, а гласањето ќе се одвива три дена, 13-ти јули ќе гласаат заболените од Ковид-19 кои се лекуваат дома и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација. На 14-ти јули ќе гласаат изнемоштените и болни лица, а сите останати на главниот изборен ден 15-ти јули, кога гласањето ќе трае во продолжен рок – од 7 до 21 часот.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза