ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,23%.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,23  отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 1 јуни.

Референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за околу 11,30%, кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 10,42%,

Вечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и сега малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 39,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,353 ден/кг и ќе изнесува 24,613 ден/кг.

Од Регулаторната комисија напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 09.06.2020 година.

 


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза