ИНСПЕКТОРАТОТ ЌЕ ВРШИ ЗАСИЛЕН НАДЗОР И АКТИВНОСТИ -потребно зголемување на инспекциските контроли во сите области…

Во периодот што следува општинскиот инспекторат ќе врши засилен инспекциски надзор на територијата на општината. Покрај надзорот на правните и физичките лица, ќе се прземаат активности за промовирање на транспарентноста во работата на службите и подигање на јавната свест на граѓаните за нивните права и обврски.

Денес се одржа координативен состанок со Градоначалникот Конзулов и се разгледуваше работата на општинскиот инспекторат, активностите на терен и степенот на оперативност на сите инспектори. Конзулов истакна дека е потребно зголемување на инспекциските контроли во сите области, со посебен акцент на животната средина и нелегалното одлагање на ѓубре.

Инспекторатот работи во служба на граѓаните и целта на инспекторите е првично да укажуваат и издаваат опомени а пак казните следуваат како крајна мерка.  За да се подигне нивото на транспарентност сите следни активности ќе бидат јавни и промовиран од Општината.


 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза