Латинското име на крушата е Pyrus communis која заедно со јаболкото и дуњата спаѓа во фамилијата Rosacease. Постојат неколку стотици видови круши, секој вид со различен облик, боја, големина и вкус. Тие се сочни, благи и со малку зрнеста структура. Kрушата не е само вкусна, исто така е и неверојатно корисна.
Модерната наука денес говори за минералите, витамините и за органските соединенија во крушата, кои се причина за најзиниот голем здравствен потенцијал.
Некои од овие активни и ефективни компоненти се калиум, витамин Ц, витамин К, фенолни соединенија, диететски влакна, бакар, манган, магнезиум како и б-комплекс витамините. Поради блажината која ја имаат, сокот од круши понекогаш се користи во десертите како замена за шеќер, односно како засладувач. Тие се природен и брз извор на енергија, бидејќи содржат значајно количество моносахариди: фруктоза и глукоза, како и левулоза – најблаг природен шеќер.
ИСТОРИЈАТА ЗА КРУШАТА Е ДОЛГА И ПОЧИТУВАНА. ИАКО, СПОРЕД НЕКОИ ЗАПИСИ, КУЛТИВАЦИЈАТА НА КРУШАТА ДАТИРА УШТЕ ОД ПРЕД 3000 ГОДИНИ, ПОСТОЈАТ ПРЕТПОСТАВКИ ДЕКА ДУРИ И ЛУЃЕТО ОД КАМЕНОТО ВРЕМЕ УЖИВАЛЕ ВО ОВОЈ ПРЕКРАСЕН ПЛОД. СОЧНО, БЛАГО И ВКУСНО ОВОШЈЕ КОЕ ХОМЕР ВО ОДИСЕЈА ГО НАРЕКУВАЛ „ДАР ОД БОГОВИТЕ“, A ЛУЈ XIV ЈА СМЕТАЛ ЗА „СИМБОЛ НА ЛУКСУЗ“.
Како и сите други овошја, и крушата најдобро е да се консумира свежа. Ова е гаранција дека сè што е вредно ќе биде достапно за нашиот организам. Секако, убавината на крушата и нејзините вкусови ни се достапни и како џемови, компоти, овошни сокови и намази.
Добро е да се знае…
- Крушите многу брзо зреат, па кога ги купувате, обрнете внимание да бидат неизмиени, неоштетени и да немаат мувла.
- Избегнувајте да ги оставате крушите во пластични кеси, На овој начин, само го забрзувате процесот на зреење и гниење.
- Лесно апсорбираат мирис, па затоа потребно е да се чуваат подалеку од храна која има специфичен и силен мирис.
- Може да се замрзнат дури и на -20 степени целзиусови во фрижидер и подоцна да се користат за подготовка на благи и солени јадења, бидејќи оваа намирница многу добро се вклопува со свинско и со телешко месо.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови