НАМАЛЕНИ МАЛОПРОДАЖНИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, малку намалени цени на горивата.

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, малку намалени максимални малопродажни цени на горивата.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.69 проценти.

Тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 0.50 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 57.00 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се исто така се намалува за 0.50 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 59.00 денари.

Како и цените на бензините, и цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 0.50 денари – и еден литар дизел ќе чини 49.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

 

 


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза