ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЗА ПРОМЕНА НА ПОДАТОЦИ ВО ЕРЗС

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделци кои имаат потреба да извршат промена на податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) по било кој основ, истото да го направат заклучно со 30 јуни. Поради состојбата предизвикана од Ковид -19, со цел да им овозможиме на земјоделците без никаков ризик по нивното здравје да можат да ги извршат промените, рокот кој вообичаено е до 15 март, го продолживме до 30 јуни. 

Сите земјоделци кои имаат потреба да направат измени, треба да се обратат во Подрачните едници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се подготвени да одговарат на работните обврски со целосна заштита од Ковид -19. Исто така, апелираме до сите земјоделци кои ќе доаѓаат во Подрачните единици на МЗШВ, да ги почитуваат мерките за заштита, да носат заштитна опрема и да одржуваат дистанца.

По истекот на рокот, податоците од ЕРЗС ќе бидат превземени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и другите надлежни институции кои имаат обврска да извршат ажурирање на податоците, со цел да се утврди кој може да се стекне со право на финансиска поддршка.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза