Денешниот ден времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во попладневните часови, особено на север и на североисток ќе има услови за локален краткотраен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува.
Дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 29 степен.
Времето во Радовиш ќе биде сончево и топло со умерена облачност со услови за локален краткотраен дожд.