ОБНОВА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЦРКВАТА СВЕТИ „КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ ВО РАКЛИШ (фото)

Како што претходно информиравме дека во Радовиш се врши обнова и реконструкција на неколку верски објекти, денес со неколку фотографии ве информираме за обновата на црквата Свети Константин и Елена во  населба Раклиш

Од црковниот одбор искажаа благодарност до сите донатори преку известување до верниците за работите кои се во тек: „Почитувани верници, со помош од сите вас еве ја поминавме потешката фаза од градбата на црквата: инсталација на струја, олуци за кровот, нови прозори и внатрешно грубо нанесување на малтер. За да се заврши конечниот лик на црквата потребно е да постави гипскартон со глет на таваните и глетовање на ѕидовите. За овој проект црквата има средства само за набавка на гибскартон, па затоа некој ако е во можност може да помогне за да се заврши замисленото“.

Црква Свети Константин и Елена, Раклиш


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате

согласност на нaведените Услови за користење.


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза