НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ВЕЧЕРВА

Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Вечерва на полноќ цените се зголемуваат за денар, односно денар и половина.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1.98%.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1.50 денари и еден литар 95-октански бензин од вечерва на полноќ ќе чини 59.50 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемува за по 1.00 денари. Соодеветно на тоа, еден литар 98-октански бензин ќе чини 61.50 денари, додека еден литар дизел ќе чини 51.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следната пресметка на цените на нафтените деривати.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате

согласност на наведените Услови за користење.


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза