Заклучно со 7 јуни работодавачите може да поднесуваат барања за финансиска поддршка за исплата на плата за мај 2020 година, а до 5 јуни за субвенционирање 50 отсто придонеси од задолжително социјално осигурување.
Како што соопшти УЈП, од вчера до 5 јуни може да се поднесуваат и барањата за финансиска поддршка од самостојните вршители на дејност.
Во мај УЈП провери и обработи вкупно 23.861 барања за финансиска поддршка за исплата на плата на повеќе од 120.000 вработени. Мал број барања се уште се во постапка на проверување и обработување.
-Само мерката финансиска поддршка за исплата на плати за април ја искористиле 19.350 компании за 127.426 вработени лица од кои: 42 компании кои имаат над 250 вработени (за 26.680 вработени), 300 компании со вработни од 51 до 250 (за 27.635 вработени), како и 19.008 компании со вработени од 1 до 50 (за 73.111 вработени). Комбинација на мерката финансиска поддршка за исплата на плата и мерката субвенционирање 50 отсто од придонесите од задолжително осигурување ја искористиле 1.427 компании со 10.668 вработени од кои 516 од дејноста транспорт, 724 од угостителство и 187 од туризам и тоа: три компании со над 250 вработени (за 478 вработени), 24 компании со вработени од 51 до 250 (1.984 вработени) и 1.400 компании со број на вработени од 1 до 50 (8.206 вработени), наведува УЈП.
Мерката субвенционирање 50 отсто од придонесите од задолжително социјално осигурување ја искористиле 1.680 компании, опфатени се 12.011 вработени и тоа: три компании се со над 250 вработени (846 вработени), 24 компании со вработени 50 до 250 (2.082 вработени) и 1.653 компании со вработени еден до 51 (за 9.083 вработени).