ПО 500 ЕВРА ЗА 10 ЛИЦА ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ВО РАДОВИШ

Десет Радовишани добија предлози за казна за сторено кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Тие не го почитувале полицискиот час.

Обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив со вредност од 5 евра во денарска против вредност.

Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот

Казнените налози против десет лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ се од член 206 став 1 од Кривичниот законик.


 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза