ПРЕКУ ПРЕМИНОТ ЕВЗОНИ ГРЦИЈА СЕ ОТВАРА ОД СРЕДА

Во среда во Грција ќе се отворат пристаништата и копнените граници Евзони, Какавија, Кристалиопиги, Промахонас, Нимфаиа, Кастанија и Кипи. Владата прави се максимално да ги заштити здравствените работници, туристичките места, а во сила остануваат заштитните мерки против корона вирусот. 

Пецас – кој е портпарол на Владата во Грција немаше одговор  дали грчката граница ке биде отворена за државјани од трети земји, истакнувајки дека се уште се  чека ЕУ да излезе со листа на држави чии грагани ке можат да  влезат во земјите на Унијата.

Пецас порача дека Грција ке излезе со свои позиции, во случај да не може да се постигне договор. Истата дилема ја имаат и во Брисел.

Од среда отвора вкупо седум гранични премини меѓу кои и преминот Евзони со Македонија. Копнените граници се отвораат и со Албанија, Турција и Бугарија, соопшти портпаролот на грчката Влада.

 

*фото: Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза