ПОТПОРНИОТ ЅИД КАЈ МУЗЕЈОТ СЕ ОДРОНИ- НЕКОЛКУ АВТОМОБИЛИ ОШТЕТЕНИ (Фото)

Соноќа кај Етнолошкиот музеј во Радовиш се одрони потпорниот зид и според граѓаните кои живеат во оваа близина имало штети и врз неколку автомобили, поточно оваа се случило околу 12 часот ноќта, за среќа во тој момент немало движење на луѓе по тротоарот со што се избегнати поголема незгода.

ЈП „Плаваја“ со својата механизација интервенираше утрово со што беше расчистен коловозот за нормално одвивање на сообраќајот, следува санација на овој ѕид кој е изграден децении назад и претставуваше еден белег на нашиот град заедно со целата Етнолошка збирка во Етнолошкиот музеј – поранешните простории на Радио Радовиш.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза