ПОТПИШАНА ИЗЈАВА ЗА ИЗЛЕЗ ОД МАКЕДОНИЈА, ЗА ВЛЕЗ ПОТРЕБЕН ВАЛИДЕН КОРОНА ТЕСТ

Секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен – за влез во Македонија.

Граничните премини за излез од Македонија се отворени со потпишување на соодветна изјава која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство. Додека за влез пак, секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен.

На граничниот премин се потпишува „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден PCR тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.

 


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза