Според донесената одлука денес треба да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни.
За влез е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.
„Мерката за државен карантин во траење од 14 дена останува на сила, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.
Можноста за граѓаните кои се во државен карантин останува кои што сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок. Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава“, информираа од Владата.
Граѓаните кои не сакат да им се направи ПЦР тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате
согласност на нaведените Услови за користење.