УШТЕ ДВЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА РАДОВИШАНИ „НЕПОСТАПУВАЊЕ СПОРЕД ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОПИСИ ЗА ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈА

Поднесени се две кривични пријави против лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 25.04. и на 05.06.2020, пријавените биле затекнати надвор од своите домови, со што постапиле спротивно на здравствените прописи и мерката за забрана на движење, која е воведена со цел за спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза