ПЧЕЛАРИТЕ И СТОЧАРИТЕ ПРЕКУ „МЕРКАТА 121“ И КО-ФИНАНСИРАЊЕ ДО ФИНАНСИСКА ПОМОШ

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,  го објави Јавниот повик за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

Финансиската поддршка за набавка на пчелини матици е до 600.000 денари по корисник, додека за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи финансиската поддршка е до 6.500.000 денари по корисник.

Финансиската поддршка за Мерката 121, се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Ставката за ко-финансирање се зголемува во случаите кога:

– Инвестицијата ја реализирал  млад земјоделец. За оваа категорија баратели, кофинансирањето изнесува  55%..

– За инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кофинансирањето е до 60% ,

– За инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец кофинансирањето е до 65% и

– Инвестиции во недостапни рурални заедници се кофинансираат со 75% од средствата кои се прифатени. “

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk , e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Барателите на финансиска поддршка, потребно е да креираат електронско барање за исплата. Со бараните податоци да ги прикачат и  задолжителните електронски документи.  Електронски пополнетото барање за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година., уредно заверено со потпис и печат од барателот, заедно со целокупната потребна документација оригинал се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ Барање за исплата и Архивски број на Барањето (0220-12125-XXXX/1). Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

Краен рок за достава на барањата е 15.07.2020 година.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.

  • Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот  и времето на поднесување на електронското барање на e–           baranje.ipardpa.gov.mk
  • Барањата кои не поднесени електронски на e– baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јaвното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

Линк до јавниот повик:

http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза