ПОМАЛКУ СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ ЗА ТУТУН, НАМАЛЕНИ КОЛИЧИНИИ ЗА 4.000 ТОНИ

 3.000 договори за откуп на тутун помалку од лани, помал род за околу 4.000 тони – причината за намалената количества за производство на тутун кризата и намалената побарувачка, сепак тутунарите очекуваат добра реколта и квалитетен тутун.

Садењето тутун е при крај, а во некој веќе стигна раната прва берба од годинашнава реколта. Меѓутоа и покрај тоа што беше планирано да се засади поголема количина на тутун, сепак корона-кризата им ги наруши плановите на тутунарите, договорено производство на 26.729 тони тутун, но склучени се договори за производство на 23.000 тони. Според тутунарите причината за намалената договорена количина за производство на тутун годинава е корона-кризата и намалената побарувачка, сепак тие очекуваат добра реколта и квалитетен тутун, меѓутоа сè зависи од временските услови.

Од Сојузот за земјоделски здруженија на Македонија велат дека околу 3.000 договори годинава се помалку склучени со тутунарите во Македонија, а родот ќе биде помал за околу 4.000 тони.

Олеснителна околност за турунарите е што со промените во Законот за тутун годинава нема потреба од поднесување на евидентни листови, туку само склучување на договори со откупните претпријатија. Законскиот рок за склучување на договори со откупните претпријатија годинава беше продолжен за еден месец до 30 април, одлуката Владата ја донесе поради вонредната состојба и пандемијата со коронавирусот бидејќи процесот на склучување договори во март не се одвиваше со иста динамика како во февруари.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате

согласност на нaведените Услови за користење.


Related Articles

Временска прогноза