Парламентарните избори на 15 јули имат големо значање бидејќи државата функционираше во вонреди услови без парламентарен состав и собрани и со техничка влада.
Кандидатските листи веќе се дефинирани, заклучен е регистарот на медиуми, завршено е пријавувањето на дијаспората за кое овој пат немаше доволен број пријавени и таму нема да се гласа, извршена е жрепка за редоследот на избирачкото ливче, а завршени се и други дејства.
Пред Уредбата за запирање на изборните дејствија и одлуката на политичките лидери за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, ДИК ги потврди листите на 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати, а го утврди и изгледот на гласачкото ливче.
Најважно според ДИК е ажурирањето на Избирачкиот список односно МВР треба да достави податоци до ДИК, треба да се доедуцираат, односно во случајов да се спроведе комплетно нова едукација на здравствените избирачки одбори, како и на членовите на Избирачките одбори и општинските изборни комисии, согласно здравствените протоколи, треба да се испечатат изборните ливчиња, ДИК да изготви упатства за многу од активностите на терен и гласањето, продолжува и пријавувањето на набљудувачите на изборите.
Кандидатски листи во сите шест изборни единици има ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“, политичката партија Интегра, „Никогаш северна, секогаш Македонија“, Демократи, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија и ДПА.
Откако ќе се потпише Кодексот за фер и демократски избори, ДИК ќе изврши ждребка за определување на билбордите за политичко рекламирање.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате
согласност на нaведените Услови за користење