ЛИЦЕ ОД СТРУМИЧКО ФАТЕНО ВО РАДОВИШКО СО ДАБОВИ ОГРЕВНИ ДРВА БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА

На регионалниот пат Радовиш-село Владевци, вчера во 19:30 часот полициски службеници од Полициска станица Радовиш во содејство со вработени од Шумска полиција Радовиш запреле товарно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (46) од село Сушево, струмичко, во кое имало дабови огревни дрва без соодветна документација. 

Возилото и дрвата се одземени и предадени во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Радовиш.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза