ВО ГРЦИЈА ВЕРОЈАТНО ПОСЛЕ 1 ЈУЛИ…

Грција најавува дека ќе ги отвори границите со Македонија и Албанија на 1 јули, а ќе функционира граничен премин Евзони (Богородица), кон нашата земја.

Македонија исто така само ќе го отвори преминот Богородица / Евзони кон Грција, кој од денес е дозволен влез за граѓаните на Србија, додека Дојран останува затворен. Македонската Влада донесе уредби со која странски државјани ќе можат да останат во Македонија најмногу пет часа пред да излезат од земјата, исто така и протокол за транзит на туристите на премините од аеродромот Скопје, Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и Скопје.

Транзитот на туристи подразбира влез на едниот граничен премин и излез на друг, а во Македонија да останат максимум пет часа без скршнување од рутата. Ова ќе биде потврдено со изјава која патниците ќе ја пополнат на влезот во Македонија, а потоа ќе ја предадат на граничната полиција кога ќе ја напуштат земјата.


Иако во Грција од денес официјално започнува туристичката сезона. Сите туристи кои по 1 јули ќе пристигнат во Грција, ќе треба да имаат пополнет формулар (Passenger Load factor) со податоци за нивните контакти во Грција, ќе се спроведуваат тестови по случаен избор, а евентуалните позитивни случаи ќе бидат 14 дена карантин во хотел-карантин.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате

согласност на нaведените Услови за користење.


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза