Започна првото пријавување од јунскиот рок за упис во учебната 2020/2021 година, според критериумите утврдени во Конкурсот на Министерството за образивание и наука за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за настава во гимназиско, стручно, уметничко и за средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
Уписот ќе биде организиран и спроведен согласно со насоките од Протоколот усвоен од Владата по препорака од Комисијата за заштита од заразни болести, задолжително е носење заштитни маски, растојание од два метра и дезинфекција. Училиштата се обврзани да обезбедат редари и е ограничен бројот на ученици кои во исто време ќе влезат во училиштето за да поднесат документи. Не е дозволена придружба од родител/старател, освен од оправдани причини.
Денес, утре и во четврток (16, 17 и 18 јуни) во периодот од 7 до 19 часот, како и на 19 јуни од 7 до 13 часот. Училиштата во кои бројот на пријавени ученици во последните години е помал од бројот предвиден во конкурсот, може да организираат пријавување на учениците само денеска и утре. Ранг-листите со запишани ученици ќе бидат објавени на 19 јуни по 15 часот.
Сите кои се запишуваат во средните училишта, заедно со целокупната потребна документација наведена во Конкурсот треба да носат и пријава која може да ја преземат од веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате
согласност на нaведените Услови за користење.