ВОДЕН МОСТ“ ЗА ПРВИОТ АВИОН НА АЕРОДРОМОТ ВО СКОПЈЕ (видео)

Патнички авион кој пристигна како прв на меѓународниот аеродром во Скопје по укинувањето на забраната за летови беше авионот на „Туркиш Ерлајнс“ од Истанбул.

Авионот долета од турскиот град во Скопје со 104 патници и членови на екипажот, а на нашиот аеродром беше пречекан со „воден мост“, авијациски поздрав за добредојде. После него пристигна уште еден авион од Истанбул – авионот на „Пегасус“ кој донесе 125 патници. Веќе воспоставени се и линиите со Бремен, Келн, Стокхолм и Ларнака, а во периодот кој следува ќе се враќаат и останатите „стари“ линии кои сообраќаат од и до скопскиот и охридскиот аеродром – информираат од ТАВ.

 

https://www.facebook.com/SkopjeAirport/videos/723857561743768/

Скопскиот аеродром информираа дека денес, на првиот ден од реотворањето се очекуваат 28 летови со вкупно 1,700 патници.

После тримесечната пауза поради коронавирусот, со повторното отворање на аеродромите пристигнуваат и нови правила, како што е дезинфекцијата на раце при влез во аеродромската зграда, носење на заштитна маска и одржување на дистанца.

 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза