ВТОРО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ ПО ЗЕМЈЕН ПАТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Се известуваат сите граѓани од Југоисточниот плански регион дека второто прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 22 и 23 Јули 2020 година, со следниот распоред:

1.    На 22.07.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица и Василево и

2.    На 23.07.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово, Богданци и Дојран.

 

За прскањето во општина Гевгелија, граѓаните на општина Гевгелија ќе бидат дополнително известени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.


Инаку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво третирање на дезинфекција, дезинсекција и дератизација на адултни комарци по земјен пат,  две третирања за ларвициди и три третирања против адултни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

About the author /


Related Articles

Временска прогноза