НЕГАТИВЕН „ПЦP ТЕСТ“ И МОЖЕН ВЛЕЗ ВО БУГАРИЈА

Денес според министерот,  Македонските граѓани со негативен ПЦP тест, кој не е постар од три дена може да патуваат во соседна Бугарија

Ова го објави на својата ФБ страна Министерот за Здравство Филипче.

 

Освен за нашата земја, ова важи и за Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија, Израел и Кувајт. Државјани на овие земји можат да влезат во Бугарија за туристички цели со негативен ПЦP-тест, направен во последните 72 часа, соопшти Министерство за здравство на Бугарија. За граѓани на Украина условот да достават негативен тест за ПЦP важи од 30 јули.

ПЦP тест не е потребен за лица кои пристигнуваат во Бугарија од земји членки на ЕУ, Велика Британија, како и од Алжир, Австралија, Канада, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Република Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај.

Тие не подлежат ниту на 14-дневен карантин.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза