ЖЕТВАТА НА ПЧЕНИЦАТА ЗАПОЧНУВА – откупот на пченицата е неизвесен

Жетвата на пченицата започнува, но откупот на пченицата е неизвесен. Од една страна климатските промени го намалија производството на пченица, а од друга страна цената на пченицата не е јасно дефинирана.

Пред самиот почеток на жетвата Националната федерација на фармери преку својот потсекторски систем ги анализира состојбите со пченицата и предизвиците со кои се соочуваат поледелците.   Најголем  проблем со кои се се соочувуваат поледелците се климатските промени, односно брзите промени на температурата, каде што има прво суша, па дожд. На ваков начин, како што велат земјоделците, се прави стрес на пченицата и се губи во квалитет на производот, a се појавуваат и болести. Голем проблем за нив е продажната цена односно со години на назад производната цена е повисока од продажната. Според земјоделците оваа година се очекува квалитетен род. Според нивните пресметки и во зависност од регионот просечната производна цена на пченицата изнесува 9-12 ден по кг.

Врз основа на оваа анализа НФФ подготви препораки кои ги доставува до јавноста и ги достави и до потсекторската група за житни култури во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во која покрај поледелци членуваат и млинари. НФФ ги даде следните препораки:

  • Минималната цена за пченица по кг треба да биде 12 денари. На ваков начин ќе се заштитат малите производители на пченица, кои во најголем дел ја произведуваат македонската пченица односно од вкупно 105.061 земјоделски стопанств, 104.853 се земјоделци, кои произведуваат пченица на површина од 1 до 3 хектари, а 208 се деловни субјекти.
  • Доколку производната цена е повисока од откупна да се постапи согласно Законот за земјоделство и рурален развој, односно да се спроведе интервентен откуп.
  • Државниот  инспекторат за земјоделство да врши зачестени контроли на откупните пунктови и посебно да се вршат контроли во делот на издавање на кантарни белешки, склучување на договри и почитување на берзанските откупни цени на пченицата. Воедно, бараме ваква препорака да биде дадена и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Државниот инспекторат за земјоделство.
  • Поради настаната ситуација со Ковид Кризата со цел да не се доведе државата во ситуација да нема резерва на пченица , Агенцијата за стокови резерви да излезе со информација колку резерви имаме државата со пченица и да спровде постапка за откуп на пченица во текот на самата жетва. Воедно, бараме ваква препорака да биде дадена и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Агенцијата  за стоковни резерви.

Пченицата е единствениот производ во РС Македонија кој има стратешко значење кое е дефинирано во Законот за Земјоделство и рурален развој[1] . Со производство од приближно 240.000 тони годишно, нашата држава не ги задоволува своите потреби и е увозно зависна од овој производ. Ако направиме една мала илустрација, од 240.000 тони пченица може да се произведе 225.600 тони брашно (240.000 х 0,94). Тоа би значело дека во РС Македонија би имале 107 кг брашно по жител (2.100.000/225.600.000) доколку целата пченица се искористи за производство на брашно. Тоа би значело дека сме на граница на задоволување на сопствените потреби, бидејќи согласно статистичките податоци просечниот граѓанин на РС Македонија конзумира околу 105 кг брашно на годишно ниво[2].

Но, бидејќи пченицата не ја користиме само за производство на брашно и леб, туку и за многу други преработки во индустријата за храна, секоја година увезуваме пченица, најчесто од земјите од регионот. Попрецизно најголемиот увоз на пченица имаме од Србија која е најголемиот регионален производител (Војводинската житница).

„Македонското производство на пченица едвај преживува, бидејќи не постои систем на гарантиран откуп и навремена исплата, ниту планска сеидба или договорно производство, а ретко се прави и интервентен откуп, иако постои законска можност. Сето ова доведува до намалена употреба на современи технологии и инвестиции во производството и го прави овој потсектор еден од најпогодените (иако е единствениот стратешки)“, истакнува Стеванче Јорданоски тим лидер на питсекторската група за пченица во Националната федерација на фармери.

 

НФФ

About the author /


Related Articles

Временска прогноза