ЛОВЦИТЕ ОД ЗЛТ „ГОТЕН“ ПОДГОТВЕНИ! – Започнува ловната сезона…

Традиционално на  2 Август и оваа година започнува ловната сезона за ситен-прелетен дивеч.

Потсетуваме на одредбите до кои треба да се придржуваат ловците во текот на ловната сезона и им ги предочивме последиците од непочитувањето на Законот за лов. ЗЛТ Готен од Радовиш кој има преку 350 членови-ловци оваа сезона од петте ловишта на кои има концесија за ситен-прелетен дивеч нашите ловци ќе можат да излезат на терените ва Ињево, Парналија и Подареш, додека останатите два се за крупен дивеч – истакна Илија Сусинов – Претседател на ЗЛТ „Готен“ . 

Со Законот за ловство секој ловец мора да има положено ловечки испит за да може да добие дозвола. Во ловиштата може да се ловат грлици, потполошки, препелици и други видови на птици со уредно извадена дозвола. Во меѓувреме според Законот за ловство на сила е забраната за лов на крупен дивеч.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза